18 Мај, 2024
0.1517

СЕ ОГЛАСИЈА БУГАРИТЕ ОД МАКЕДОНИJA: Софија да се откаже од политика на блокади, а Скопје да покаже повеќе капацитет

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Бугарите во Македонија се против политиката на блокади. 

Бугарите кои живеат во Македонија, преку Бугарскиот културен клуб Скопје, бараат Софија да се откаже од оваа политика, а воедно и Скопје да покаже повеќе капацитет за објективизирање на историјата.

Во основата на писмото од 15 страници, испратено до премиерите на двете земји, Бојко Борисов и Зоран Заев, и до Европската Унија, како и германската канцеларка Ангела Меркел е идеја за промена на работата на историската меѓудржавна комисија, која треба да биде раководена од „патна карта со конкретни рокови, теми и резултати, со разширување на дебатата и кон училиштата и универзитетите“.

„Ако има заедничка историја, таа не може да биде украдена и историјата не може да биде променета, затоа што е таква, каква што се случила“, пишуваат Бугарите од Македонија. 

Паралелно тие ги повикуваат двете страни, Бугарија да „прекине да поставува какви било услови и ѕвездички за користењето на македонскиот јазик, затоа што секоја независна држава има право да го определува својот официјален јазник, кој може да биде меѓународен јазик, како англискиот, францускиот, шпанскиот, арапскиот и други, или да изгради и кодифицира свој сопствен национален јазик и да го нарече како самата ќе процени“.

Тие очекуваат „Северна Македонија да влезе храбро во процесот на објективизирање на својата историја. Време е сите граѓани сами да разберат за дејноста на преродбениците и револуционерите, преку нивните дела, а не преку посредници, кои заради политички цели ги заплашуваат, дека некој се обидува да ја промени исоријата. Историјата не може да се промени, Таа се случила така, како што се случила, незвисно од политичките манипулации“.

Триесетина бугарски историчари, научници, универзитетски професори и јавни личности деновиве со заедничко писмо до јавноста се изјаснија против меморандумот што Софија го испрати до земјите членки на Европската Унија во кој се изнесени сериозни тврдења и црвени линии на патот на Скопје кон ЕУ. 

Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза