16 Јануари, 2025
0.0308

Се подобрува атмосферската канализација под стоковната куќа „Мост“

Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и в.д. директорот на ЈП “Водовод и канализација”, Бојан Василевски денеска присуствуваа на почетокот на градежните работи на атмосферскиот колектор под стоковната куќа „Мост“, на дел од булеварот Гоце Делчев. Оваа локација на булеварот Гоце Делчев е една од десетте точки во градот што редовно се поплавуваа при поројните дождови изминатиот период. - На оваа локација покрај активностите на постојаната атмосферска мрежа, ќе биде изграден дополнитен колектор со профил Ф 500 милиметри, во должина од 62,1 метар и тоа од јужниот коловоз до приклучокот во постоечкиот атмосферски колектор Ф 1000 милиметри. Воедно, подолжно по јужниот коловоз ќе биде изведен армирано-бетонски монолитен канал во должина од 30 метри, а попречно, по двата коловоза ќе биде изведен армирано бетонски монолитен канал во должина од 27 метри со зафат преку попречни и подолжни решетки со канали од двете страни на булеварот. Со овие зафати и зголемувањето на капацитетот на атмосферскиот колектор, сметаме дека значително ќе се подобри одведувањето на атмосферските води и ќе спречи поплавување на коловозот во услови на интензивни врнежи - кажа градоначалникот Трајановски. В.Д. директорот Василевски ги објасни техничките детали за изведба на дополнителната атмосферска мрежа под стоковната куќа „Мост“. -  Изведба на дополнителната атмосферска мрежа под стоковната куќа „Мост“ ќе работат градежниците на компанијата „Жикол“, а градежните работи се очекува да завршат за 50 работни дена. Овој проект е изработен и финансиран од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ и за овој зафат ќе бидат издвоени околу 2,5 милиони денари. Градежните зафати за подобрувањето на атмосферската канализациска мрежа на дел од булеварот “Гоце Делчев”, под стоковна куќа „Мост“ е дел од активностите кои Градот Скопје ги превзема за надминување на проблемите и поплавите кои се создаваа на десетте критични точки по поројните дождови. Досега е интервенирано на дел од улицата “Финска”, а во завршна фаза се и активностите на булеварот “Киро Глигоров”. На останатите места ќе се интервенира по завршување на сите законски постапки и спроведување на јавни набавки и се очекува најголемиот број на градежните работи за завршат за неколку месеци. За сите овие интервенции Градот Скопје ќе одвои околу 2 милиони евра. Градот Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да покажат разбирање додека траат градежните работи на дел од булеварот Гоце Делчев и доколку се во можност во своето движење да ја користат околната патна мрежа.

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката