Се помалку одат во странство, подобро им е дома
Објавено во: Свет 13 Јуни, 2017
За разлика од првиот квартал лани, бројот на Словаци кои работат во странство сега е помал за 2.9% или за 155.000 помалку.
Се намалува бројот на Словаци кои работат во странство.
Причина за ова е добриот економски раст кој во првиот квартал беше 3.1%.
На основа на добриот раст има повеќе работа, повеќе работни места и подобри плати кои се мотивација Словаците да работат во својата земја.
Освен тоа во земјите каде досега Словаците работеа, сега се штити домашната работна сила и за нив шансите се помали.
Во Австрија работат 52.000 Словаци и тоа претежно жени кои се ангажирани за нега на други лица.