14 Декември, 2025
0.0510

Се повеќе швајцарските банки наплаќаат такса за депозитите

Објавено во: Свет 05 Декември, 2012 12:48

Добивај вести на Viber

Швајцарските банки им бараат на своите партнери од финансиските компании да плаќаат за депонирањето на франци по своите сметки. Во понеделникот „Credit Suisse“ соопшти дека воведува негативна камата на краткорочните депозити за финансиските компании. Земајќи ги предвид ниските процентни стапки, банката не може да заработува од овие средства и се обидува да го ослободи сопствениот капитал, пишува весникот „РБК Дејли“. „Поради моменталната состојба на пазарот и по внимателно проучување на ситуацијата во текот на една година, ние одлучивме да почнеме да спроведуваме негативни кредитни камата на сметките. Ги советуваме нашите клиенти да се придржуваат на воведениот праг на сметката  за да избегнат негативните кредитни стапки “, им соопшти „Credit Suisse“ на своите клиенти. Прагот, над кој ќе треба да се плаќа за постоењето на банкарска сметка ќе биде прецизирано до 10 декември, кога и мерката стапува во сила .Слична мерка објави и главниот конкурент на „Credit Suisse“, банката „UBS“, која соопшти дека почнала да воведува ваква практика од август 2011 година. Негативна камата на депозитите во швајцарски франци веќе се воведени од неколку меѓународни банки, меѓу кои „State Street Corp“. и „Bank of New York Mellon“, како и „Royal Bank of Canada“. Од почетокот на должничката криза швајцарскиот франк стана прибежиште за инвеститорите, кои почнаа да ги претвараат еврата во швајцарски франци. Летото минатата година, откако франкот практично достигна паритет со еврото, Народната банка на Швајцарија беше принудена да воведе максимална вредност на курсот од 1.2 франци за евро. Тогаш за да запре јакнењето на франците, банката ја намали основна каматна стапка скоро до 0%.

Можеби ќе ве интересира

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност