Се повеќе мажи од селата не се женат: По едно или ниедно прваче во селските училишта
Објавено во: Македонија 10 Септември, 2018
Во многу градови, па и села во Македонија опаѓа бројот на првачиња, како резултат на миграцијата на населението надвор од државата и падот на наталитетот.
Во училишните клупи годинава седнаа 20.302 првачиња, а лани имало 21.250 првачиња, или за 948 деца помалку. Ако се вратиме наназад, во учебната 2015-2016 година се запишани 21.747 првачиња.
Во подрачното основното училиште „Кочо Рацин“ во кратовското село Шлегово, е запишано само едно прваче, а следната година се очекува да има повеќе ученици во прво одделение.
Во „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане има 11 првачиња, а лани имало 16 деца кои тргнале на настава.
Опаѓа бројот на правчиња и во едно од поголемите радовишки села, Ораовица.
„Оваа година имаме 8 првачиња, а лани беа 5. Најголем проблем е иселувањето, луѓето се иселуваат во Европа“- вели Снежанка Филипова, директорка на ОУ„Свети Кирил и Методиј“ во Ораовица.
И во струмичките села кои важат за живи села ако се споредат со други населени места во земјава, исто така има пад на бројот на првачиња.
„Ако минатата година запишавме 21 прваче, сега имаме 16 првачиња. Ова се деца кои учат во Моноспитово и Бориево, село кое е на 2 км од Моноспитово. Некогаш имаше и по 40 деца во генерација, но тоа беше пред 10 години“ - рече Соња Бучковска, директорка на ОУ„Борис Трајковски“ во Моноспитово, Општина Босилово.
Во пет подрачни училиштата во Струмица нема првачиња. Во Сачево, Габрово, Дорломбос, Мемешли и Орманли нема запишано ниту еден ученик во прво одделение, а по еден ученик има запишано во селата Водоча и Попчево.
Aлександра Анишева, професор по социологија во Гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци објаснува дека за ваквата состојба има повеќе фактори, меѓу кои се намален наталитет, повлекување на луѓето од селата кон градовите или заминување надвор од државата, доцна стапување во брак и раѓање на само едно дете, или фактот дека во руралните средини има голем број мажи кои воопшто не основале семејство.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.