Се преврте автобус со војници кај Врање, има над 20 повредени
Објавено во: Балкан 25 Јули, 2019
23 војници се повредени при превртување на автобус во близина на српскиот град Врање. Несреќата се случила околу 12.30 часот, а повредените војници се задржани во болница, јавија српски медиуми.
Автобусот се движел од правец на Големо Село кон Врање. Не се познати причините за несреќата.
фото Novosti.rs