09 Октомври, 2024
0.0985

Се продава автомобилот во кој е убиен Notorious B.I.G.

Објавено во: Стил 11 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Автомобилот во кој беше убиен еден од најпознатите рапери на сите времиња, Кристофер Волас, попознат како Notorious BIG, се продава за 1,5 милиони долари, што го прави еден од ретките автомобили на кој вредноста му порасна и покрај тоа што има поминато повеќе од 183.000 километри.

Зелениот GMC Suburban од 1997 година беше купен на јавна аукција во октомври 1997 година, а сопственичката стана свесен за својата историја во 2005 година. Таа го купи автомобил за да се вклопи во шест члено семејство.

Причината поради која новата сопственичка не забележала дека автомобилот е оштетен и полн со дупки од куршуми кои беа смртоносни за раперот во март 1997година во Лос Анџелес, е поради тоа што полицијата совозачката врата ја земала како доказ во истрагата и таа била заменета со нова.

Задолжени за продажбата на автомобилот сега се од автомобилската куќа "Moments in Time", кој сопственичката го одбрала бидеќи во нивната куќа се продава и автомобилот на најголемиот противник на  Notorious, Tupac Shakur кој е убиен во септември 1996 година.

Автомобилот на Tupac Shakur, BMW 750iL од 1996 година се продава по истата цена, но има помала километража- околу 144.000 километри.

Notorious и Tupac на почетокот работеле заедно, пишувале песни и снимале албуми, но како што станале попопуларни, станале и непријатели. Tupac својата кариера ја продолжи со "Death Row Records" во Лос Анџелес, додека Notorious B.I.G. со "Bad Boy Records" во Њујорк. Нивниот конфликт беше наречен конфликт меѓу источниот и западниот брег.

Идентитетите на убијците на двајцата рапери се сеуште непознати, а смртта на Notorious B.I.G., поради нивното ривалство, се обиде да се поврзе со смртта на Tupac, кој беше застрелан со четири куршуми, шест месеци претходно.