17 Мај, 2024
0.0657

Се прошири кругот на оние кои ќе добијат надоместоци од ДИК, на други ќе им бидат зголемени за локалните избори

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Членовите на Државната изборна комисија нема да земат дополнителни надоместоци за локалните избори што завршија неодамна, но комисијата ги зголеми за останатите инволвирани, односно го прошири кругот на оние што ќе ја добијат.

На денешната седница тие изгласаа измена и дополнување на Правилникот за надоместоци на изборните органи за локалните избори.

-Членовите на ДИК освен нашите редовни плати нема да земат никави бонуси, иако имаме право на тоа, рече членот на ДИК, Борис Кондарко.

Надоместоците за други лица вработени во ДИК, лица дополнително ангажирани, членовите на ОИК и ИО остануваат да важат.

За исплата на надоместоци сега се додаваат и членовите на Избирачката комисија на Град Скопје. Се зголемува за 25 отсто надоместокот и за ОИК и ИО во општините каде што имаше втор круг гласање за градоначалник, како и за 20 отсто за избирачките органи во општините каде што имаше гласање на болни и изнемоштени лица.

Дополнителни надоместоци ќе има и за вработените во ДИК во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, како и за вработените во МВР кои го обезбедуваа доверливиот гласачки материјал и терминалите за отпечатоци од прсти. 

Исто така ќе има и корекции на критериумите за вработените во стручната служба на ДИК кои извршувале задачи надвор од описот на нивното работно место според систематизацијата на ДИК, како и за сертифицираните едукатори.



Можеби ќе ве интересира

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори