05 Мај, 2024
0.0291

Се ситнат парите од еврообрзницата во девизните резерви

Објавено во: Економија 02 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

За 127 милиони евра се намалиле државните девизни резерви за еден месец, покажуваат најновите податоци на Народната банка. На крајот на јули годинава за кога има и последни податоци, официјалните девизни резерви изнесуваат 3,512 милијарди евра. Еден месец претходно салдото на резерви изнесуваше 3,639 милијарди евра.

Ако се анализираат по ставки во јули има намалување на вредноста на резервите во делот девизни резервни средства. Или ако на крајот на јуни тој дел од резервите вредел 3,290 милијарди евра, во јули изнесува 3,137 милијарди евра. На ова конто во јуни впрочем беа инкасирани и парите од еврообврзницата која Македонија ја позајми на меѓународниот финансиски пазар. Тоа тогаш предизвика значаен раст на резервите, но сега нивната вредност се намалува.

Кризата предизвикана со пандемијата на Ковид-19 влијаеше на македонската економија, а го погоди и македонскиот извоз, предизвика и раст на трговскиот дефицит. Последните показатели упатуваат на некои позитивни движења, а надлежните уверуваат дека земјата има и доволно пари. Инаку нивото на резерви е во сигурна зона.

Сепак извесното намалување на резервите значи дека дел од потребите се покриваат и од позајмените пари.

Македонија позајми 700 милиони евра преку еврообврзница. Тоа предизвика на крајот на јуни 2020 година, македонските девизни резерви да се зголемат на 3,6 милијарди евра што беше раст од 560,7 милиони евра споредено со мај.  Впрочем средствата добиени врз основа на задолжување или донации од странство, се чуваат на сметки во Народната банка и согласно меѓународните стандарди претставуваат дел од девизните резерви. Како дел од девизните резерви, тие се дополнителна поддршка за одржување на стабилноста во економијата.

На крајот на мај 2020 година пак, официјалните девизни резерви беа 3, 079 милијарди евра и во однос на претходниот месец беа намалени за 80,5 милиони евра.


Девизини резерви

јули 2020 - 3,512 милијарди евра

2019 - 3,263 милијарди евра

2018 - 2,867 милијарди евра

2017 - 2,336 милијарди евра

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?