18 Мај, 2024
0.0386

Се токми смена на македонскиот преговарач за името Васко Наумовски

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Амбасадорот  во САД Васко Наумовски најверојатно нема да биде повеќе македонски преговарач за името. Владата размислува да предложи нов претставник во преговорите со Грција кои се водат под покровителство на ОН.

Засега се уште не се знае кој ќе седне на жешкото столче на местото на Наумовски чии амбасадорски мандат во Вашингтон завршува идната година, објави Фактор магазин. Според сознанија на Фактор магазин, шефот на дипломатијата Никола Димитров нема доверба во Наумовски и веќе размислува кој би можел да го замени Наумовски.  За разрешуавњето на Наумовски согласност треба да даде и шефот на државата па така се очекува процедурата за именување на нов преговарач да  потрае. Васко Наумовски е 4-от преговарач за името во досегашната историја на преговорите. Втор кој паралелно  ја врши амбасадорската функција во САД, и како преговарач за името. Прв македонски преговарач беше Иван Вања Тошевски, следуваше Никола Димитров и Зоран Јолевски како претходник на Наумовски.

Инаку откако министерот за надворешни работи го повлече решението Александар Николовски да биде амбасадор во Брисел , сега претседателот Ѓорѓе Иванов инсистирал во испаразентите дипломатски преставништво да бидат пополнети со дипломати од кариера. Дејан Ѓоршоски кој во моментов е развоен менаџер во областа на ЕУ приширувањето во Економскиот институт во Ротердам  и поранешен специјален владин преставник во Брисел бил во игра за  нов македонски амбасадор во мисијата на ЕУ во Брисел, но поради проблемот со Александар Николовски, сега Иванов барал тоа место да биде поплнето со човек од МНР.  Брисел, Париз и Лондон ќе бидат првите три дипломатски преставништва кои ќе бидат пополнети со нови амбасадори.  


Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада