02 Мај, 2024
0.0260

Се „топи“ ли времето за ФЕНИ?

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Владата на Република Македонија имаше оптимистички најави дека очекува проблемите на ФЕНИ  да се решат за најмногу месец два, но со правните процедури и новото закажано рочиште од предстечајната постапка на 29 ноември времето незапирливо тече. а досега тоа на своја кожа најдобро го почуствуваа работниците кои прашање е дали воопшто ќе добијат плата за октомври. 

Секако, Владата и натаму стои на ставот дека таа нема свој удел во компанијата ниту пак посебен интерес и може само да им помогне на инволвираните како надворешна странка за решавање на прашањето на фЕНИ кое е значајно за Кавадарци и воопшто за македонската економија. Тоа што е засега нејасно е дали постои скриен долг на ФЕНИ кој УЈП за неплатени даноци од 5,5 милиони евра. Ваквото тврдење го истакна Рајчо Кацаров, кој од бугарскиот потенцијален инвеститор е назначен за раководител на ФЕНИ. 

На поставените прашање до УЈП испратен е одговор дека не може да се откријат детали поради тајност на даночната постапка што е контрадикторно на листата на големи должници која управата редовно секој месец ја објавува со сите детали за субјектите, висината на долгот и основот. 

ФЕНИ ќе влезе во поголеми проблеми доколку згаснат печките што ќе доведе до нови трошоци за идниот сопственик кој ќе ја преземе компанијата со досега познат долг од 40 милиони евра кон трите банки доверители кои ја поведоа стечајната постапка и уште 20 милиони евра кон добавувачи и соработници. 

Единствено растот на цените на фероникелот на светските берзи дава надеж дека ФЕНИ може да работи рентабилно, да ги задржи вработените и да ги врати долговите, но банките ќе треба да дадат согласност за финансискиот план и понуда на инвеститорот што се покажа дека не е така лесно и едноставно и постои опасност ФЕНИ да западне во длабоки правни лавиринти што на некој начин и веќе се случува со целото одложување и нафрлање на нови сомнежи. 

Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда