СЕ ТРЕСЕ ЈУГОЗАПАДНИОТ ДЕЛ: Земјотреси во Ресен и Охрид
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2017
Уште еден земјотрес е почувствуван попладнево во Македонија, со епицентар во Ресен, со јачина од 2,2 степени по Рихтер.
Земјотрес од 2,2 степени на 9 километри североисточно од Охрид и 4 километри источно од селото Косел имало утрово во 5.53 часот.
Потресот бил на длабочина од 11 километри.
Во непосредна близина на земјотресот што се случи утрово, имаше земјотрес и синоќа во 21.48 часот.
Oхрид месец дена го тресат земјотреси.