СЕ ТРЕСЕА ЗГРАДИ: Силен земјотрес ја вознемири оваа земја
Објавено во: Балкан 12 Септември, 2018
Силен земјотрес со jaчина од 5,2 степени според Рихтер е почувствуван во турската провинција Анталија. Луѓето гледале како се тресат зградите.
Земјотресот е почувствуван утрово во 6.20 часот.
Епицентарот на земјотресот бил на 50 км. од брегот кај местото Текирова во провинцијата Анталија, во морето на длабочина од 58,8 км соопшти Американскиот завод за геолошки истражувања.