СЕ УРНА АВИОН ВО ЗРЕЊАНИН: Авионот по падот се забил два метри во земјата, пилотот починал
Објавено во: Балкан 18 Јули, 2019
Авион
при акробатски лет ненадејно паднал и се забил околу два метра под земјата.
Пилотот на авионот и претседател на аероклубот Зрењанин, четириесет и седум годишниот, Владимир Булат го загубил животот во несреќата.
Претходно, директорот на Центарот за истражување на сообраќајни несреќи на Србија, Небојша Петровиќ рече дека авионот "zlin 526F" паднал во 8:30 часот на аеродромот Ечка, пренесуваат медумите од регионот.
Авионската несреќа беше пријавена на полицијата малку пред 9 часот, а наскоро пристигнаа и возила на итната медицинска помош.
Фото Фејсбук