26 Април, 2024
0.0408

СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОФЕСОРОТ ТРАЈКОВСКИ ВО ВРАЊЕ: Реакцијата од АстраЗенека е блага температура

Објавено во: Македонија 04 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Професорот на Техничкиот Факултет – Битола, Дејан Трајковски го сподели неговото лично искуство од примањето на вакцината против Ковид-19 во соседна Србија. Вели дека ја примил АстраЗенека во Дом Здравља во Врање и дека единнствена реакција по вакцинирањето била повишена температура и слаба болка.

Во објавата на Фејсбук ефектите ги резимира четири дена од првата доза на вакцината.

-Локално, на левото рамо никогаш немав ни црвенило, ни оток ни печење. Наредниот ден по вакцинирањето осетив тапа, многу слаба болка, како да сум се удрил малку во некаков тврд предмет (но без модринка), а оваа слаба болка не траеше ни еден ден. Ништо сериозно, да не знаев дека сум примил вакцина немаше ни да ја забележам. Утредента, во неделата, цел ден пешачев низ Врање и околните ридови и возев назад до Битола. По враќањето дома од чиста љубопитност и без никаква потреба, измерив температура, која изнесуваше 37,8 степени Целзиусови. Тоа беше точно 24 часа по примената вакцина. До неделата на полноќ, 30 часа од вакцинирањето, температурата опадна под 37 степени и тоа без никакви лекови. Можно е да сум имал повишена температура и во првите 24 часа, но поради шетањето ништо не сум осетил, а немав ни термометар за да измерам. Во секој случај, се израдував затоа што зголемената температура го потврди имуниот одговор на организмот. Од тој момент натаму, 30 часа по вакцинирањето, повеќе никакви знаци немаше, ако и овие воопшто можеа да се сметаат. Во секој случај, неспоредливо со секојдневни игли и болки што мораат да ги трпат болните во ковид-болниците, посочува професорот Трајковски.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“