Се зголеми бројката на починати од автобуската несреќа
Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2019
Почина уште една жртва од несреќата што се случи со превртениот автобус на патот Скопје - Тетово.
Со ова бројот на жртви се искачи до вкупно 15. Додека другите повредени и понатаму се лекуваат во болничките центри во земјата, некои од нив, оние што имале помали повреди, беа пуштени на домашно лекување.