Се зголемува минималецот во Србија, еве колку ќе изнесува…
Објавено во: Балкан 10 Септември, 2016
Владата го поддржува зголемувањето на минималецот во Србија од 121 на 130 динари по работен час.
Ова го соопшти премиерот Александар Вучиќ пред почетокот на седницата на Економско - социјалниот совет. Минималецот во Србија е непроменет две години.
Проценките на синдикатот покажуваат дека во Србија од 300.000 до 350.000 работници добиваат минималец.
Учесниците во социјалниот дијалог претходно бараа зголемување на минималецот.
Минималец земаат работниците во трговија, вработените во бутици, кафулиња, но и во градежништвото.