Добивај вести на Viber
Наместо досегашните 300 денари, патниците кои ќе бидат фатени дека без билет се возат во автобусите на ЈСП - Скопје ќе треба да платат казна од 1000 денари.
Претпријатието ја зголеми казната за казнениот билет, а доколку тој не биде платен на самото место, патникот ќе мора износот од 1.000 денари да го плати на благајна или на трансакциска сметка на јавното претпријатие во рок од осум дена.
Во случај да не го плати износот во предвидениот рок, ЈСП ќе иницира прекршочна постапака пред инспекцискиот орган на Град Скопје и граѓанинот ќе биде обврзан да плати глоба во износ од 50 евра.
Зголемувањето на висината на казнениот билет доаѓа по опомената од градоначалникот, Коце Трајановски, кој вчера го прекори претпријатието дека претрпува големи загуби. Градоначалникот ја даде својата изјава по шпекулациите дека се подготвува штрајк во јавното претпријатие поради неисплатени плати.