Добивај вести на Viber
Претседавачот со Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ за идниот понеделник ја закажа седницата, на која советниците уште еднаш ќесе изјаснат за спорните детални урбанистички планови за оваа општина - Тасино чешмиче - Водно и градска четврт Капиштец.
Двата урбанистички плана се враќаат на дневен ред, откако по првичното изгласување во Советот, градоначалникот Андреј Жерновски стави вето и не дозволи одлуките за нивно усвојување да бидат објавени.
Повторно одлуката за ДУП-овите, со кои меѓу другото се овозможува и изградба на десеткатница на Водно, ќе зависи од гласот на претседавачот на Советот Мирослав Шиповиќ. На последното изјаснување тој беше воздржан, а бидејќи останатите советници од СДСМ и коалицијата ја напуштија седницата, плановите беа усвоени со просто мнозинство обезбедено од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција.
Жерновски одби да ја потпише одлуката за објавувањето на ДУП-овите повикувајќи се на Законот за локална самоуправа со кој се предвидува одлуките во Советите да се носат со квалификувано мнозинство. Шиповиќ имаше рок од 15 дена повторно да ги стави на седница.