14 Декември, 2025
0.0778

Седумте лица кои упаднаа во „Македонски навигации“ осудени условно, немало трајни последици од дивеењето

Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2024 12:34

Добивај вести на Viber

Седумте лица кои упаднаа во „Македонски навигации“ за да се пресметуваат со членови на синдикатот на контролата на летови и со тоа го загрозија авиосообраќајот на македонското небо, добија условни казни од кривичниот суд, објави Обвинителството. Како причина за ваквата санкција се наведува дека „немало трајни последици од кошкањето“.

„Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На шестмина од обвинетите за стореното кривично дело им е изречена алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор во траење од шест месеци, која нема да се изврши доколку во рок од една година и шест месеци по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. За еден обвинет, кој преземал потешки дејствија за да го попречи службеното лице и бил претходно осудуван за дело против општата сигурност, изречена е алтернативна мерка – условна осуда со заштитен надзор, односно казна затвор во траење од две години, која нема да се изврши доколку во рок од пет години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело, и истовремено Судот на тој обвинет му одреди и други обврски кои ќе бидат предмет на заштитен надзор“, објави ОЈО.

Не е познато кои обврски му се одредени од Судот за седмото лице што е условно осудено. Јасно е единствено дека пресудите се донесени спогодбено со надлежниот јавен обвинител.

Инцидентот се случи на 4 јануари во просториите на М-НАВ, на Меѓународниот аеродром Скопје. До тепање на вработените дојде затоа што тие како професионалци дадоа отпор на партиски и нестручни вработувања.

Според Обвинителството,нападнато било само едно службено лице, кој наводно добил само една шлаканица.

„Од видео материјалот прибавен во истрагата и исказите на оштетениот и сведоците произлегува дека единствено се исполнети обележјата на кривичното дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие и тоа согласно ставот 3, за кој е запретена казна затвор од 3 месеци до 5 години. Од тие причини, надлежниот јавен обвинител побара и доби согласност од Вишото јавно обвинителство Скопје за промена на правната квалификација под која се водеше досегашната постапка.

Обвинетите,  со заедничко дејствие на извршување,  со сила дека непосредно ќе нападнат врз телото на оштетениот – лице што во рамките на своите овластувања врши работи од јавен интерес како контролор на летање, го спречиле во вршење на службеното дејствие. Откако влегле во објектот на М-НАВ спротивно на одредбите од Правилникот за редот и дисциплината на вработените во навигациското тело, тие започнале насилнички и навредливо да се однесуваат кон оштетениот вработен.

Настанала расправија и турканица помеѓу обвинетите и оштетениот, при што во еден момент еден од обвинетите му удрил шлаканица во пределот на лицето на оштетениот. По настанот, сите го напуштиле објектот на М-НАВ, оштетениот не се вратил на работното место и на тој начин со нивните дејствија обвинетите го спречиле оштетениот во вршење на своите професионални задачи, како контролор на летање на давање услуги на воздухопловна навигација.

Соочени со доказите за ова кривично дело, обвинетите изразија подготвеност да склучат предлог – спогодба со обвинителството и да ја прифатат осудителната пресуда. При одмерување на определените санкции беа ценети сите околности и дејствијата на секој од осомничените во предметот поединечно, отсуството на трајна последица, како и судската пракса за осуди за вакви кривични дела“, информира Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента

Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“