27 Април, 2024
0.0266

Секогаш тука една за друга – Тоа нѐ прави посилни

Објавено во: Мои пари 08 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Најголемиот дрогериски ланец dm дрогерие маркт со силна порака по повод Денот на Жената – 8 Март.

Наративот за економска, политичка и социјална рамноправност е традиционално сеприсутен кога станува збор за одбележувањето на Меѓународниот ден на жената. Но, дали се ова навистина единствените поими што треба да го симболизираат овој голем ден?

Славејќи ги жените секој ден, најголемиот дрогериски ланец во Европа - dm дрогерие маркт, оди чекор понатаму и го поврзува Денот на жената со нешто што посебно ги одликува жените: инспирација, поддршка и заедништво! Водени од оваа мисла, dm дрогерие маркт во текот на целата година голем број од своите активности фокусира токму на благосостојбата и здравјето на жените преку создавање на заедништво кое меѓусебно се поддржува и инспирира на патот кон нови, поголеми успеси.

„Како компанија во која повеќе од 90% од вработените, а и исто толкав број од купувачите се жени, насочени сме кон целта, позитивно да придонесеме кон нашата заедница и да создадеме услови кои ќе ги придвижат работите кон една попозитивна точка од која секоја жена ќе има бенефит за сопственото здравје и нега. Соодветно на ова ги планираме нашите активности и го формираме нашиот асортиман, сѐ со цел да одговориме на потребите на нашите верни купувачи“ – изјавија од компанијата.

Понудата на повеќе од 1.800 парфеми, шминки и подарок сетови, создадена специјално за Денот на жената јасно ја покажува заложбата на компанијата за оплеменување на потрошувачките потреби на жените. Покрај ова, од компанијата најавија дека секоја жена која ќе пазарува на 8 Март во дрогериите на dm ќе добие симболичен подарок – приврзок со инспиративна порака по повод Денот на жената.

Но, поддршката за жените и нивните потреби од страна на компанијата е далеку од само асортиманска. Само во изминатата година, dm дрогерие маркт, со цел поддршка и зајакнување на жените, реализираше низа активности во форма на стручни советувања и експертски соработки за подигнување на свеста за женското здравје. Под слоганот „{ЗАЕДНО} за подобро утре“ компанијата распиша и конкурс за поддршка на проекти за подобрување и зачувување на женското здравје, преку кој со средства во висина од 3 милиони денари, компанијата поддржа реализација на 6 проекти пријавени на конкурсот. Оваа година, како иницијатива за намалување на менструалната сиромаштија и зголемување на менструалната правда, компанијата ги намали цените на влошките и тампоните од сопствената трговска марка Jessa.

Имајќи ги предвид сите овие активности и заложби на компанијата за жените и нивните потреби, не е ни чудно што токму dm е едно од омилените места за пазарување на повеќето жени. Како што изјавија од компанијата, активностите за поддршка на жените ќе продолжат и ќе се интензивираат во годините кои претстојат, а целта ќе остане иста: Создавање на заедништво кое меѓусебно се поддржува и инспирира на патот кон нови, поголеми успеси.

Честит 8 Март.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг