28 Април, 2024
0.0335

Секој четврток на едно место сите здрави производи: По еден месец пауза се враќа Органски Базар

Објавено во: Мои пари 04 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Топлото време кое го имаше овие неколку денови на почетокот на февруари многумина успеа да ги збуни и „излажa“ дека наместо зима, се наоѓаме во пролет. Сепак, колку и да се посакува да е помината зимата и студеното време, сепак и повеќе од сигурно е дека претстојат уште многу ладни денови во наредниот период.

 IMG_6389

За превземање на превентивни мерки,потребно е да се биде подготвен за сите вируси кои демнат во овој период од годината и го напаѓаат имунитетот. Здравиот начин на живот има големо влијание врз нашето здравје. Особено важно е консумирањето на здрава храна, а особено тука спаѓаат органските производи кои всушност се квалитетни и безбедни намирници од одржливо производство.

Како и секој четврток од минатата година, така и денеска, Скопје Сити Мол, е домаќин на Органскиот Базар, кој освен што нуди голем број на органски производи на едно место, што е реткост за кај нас, прераснува и во нова форма на дружење на сите граѓани каде се споделуваат позитивната енергија и тајните за здрав живот.

Органскиот базар правеше пауза само за време на јануари, а се отвора денеска со кое што секој нареден четврток, од 10 часот наутро до 22 часот во Скопје Сити Мол на сите граѓани ќе им понуди органски производи и препарати, како и козметика направена од 100 отсто органски состојки и средства за чистење на домаќинство без хемикалии.

 IMG_6540

Органскиот базар е лоциран на влезот на Скопје Сити Мол од страната на Play Café. Денеска на менито беше понуден голем број на зеленчуци и овошја, како брокула, власец, обичен и француски магдонос, тикви, цвекло, шери домати, лути и благи пиперки, зелка, даикон, модар патлиџан, компир, кивано, блитва, рукола, ендирија, власец, јаболка, маслинки и многу други кои ќе се најдат на модерните тезги на  базарот. Сите заинтерсирани можат да го пронајдат и киваното кое во последно време е хит на нашата планета, а тоа е познато уште и како африканска бодлива краставица, со многу освежителен и пријатен вкус.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг