24 Јули, 2024
0.0503

„СЕКОЈ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИН ЗНАЕ КОЈ ДУШМАНСКИ ЈА КРАДЕЛ МАКЕДОНИЈА“: Тошковски вели, МВР нема да брка вештерки, ќе работи врз база на докази

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи ќе ги процесуира сите постапки коишто ги има врз основа на докази и факти, за секој еден од оние коишто досега биле „недопирливи“ и чие што име и презиме не смеело ни да се каже во рамки на истражните органи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по работниот состанок со Управувачкиот комитет за управување кризи.

Во врска со вчерашните обвинувања од страна на опозициската СДСМ за неговиот имот, Тошковски рече дека очекувал да биде нападнат од друга опозициска партија, со оглед на поднесената кривична пријава од страна на МВР против внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но, како што рече, СДСМ со ваквите обвинувања излегува заштитник и покровител на криминалите коишто ДУИ ги има сторено во минатото.

– Во текот на вчерашниот ден факт е дека бев нападнат од страна на една опозициона партија. Искрено очекував да бидам нападнат од една друга опозициона партија особено по она кое што се презема како процесни дејствија во понеделникот од страна на МВР, но жал ми е што СДСМ излегува заштитник и покровител на сите криминали коишто ДУИ ги има сторено во минатото. Сакам да најавам дека во иднина МВР врз основа на докази и факти ќе ги процесуира сите оние постапки коишто ги има за секој еден од оние коишто досега биле недопирливи и чие што име и презиме не смеело ни да се каже во рамки на истражните органи, а камо ли да се процесуира каква била постапка, рече Тошковски.

Истакна дека во иднина очекува уште пожестоки напади и манипулации, но тоа нема да го одврати Министерството да го спроведе секој еден од „недопирливите“, почитувајќи ја пресумпцијата на невиност.

– МВР во иднина нема да брка вештерки како досега, туку ќе биде насочено врз основа на конкретни докази, особено за дејствија коишто се на штета на буџетот на државата и на штета на македонските граѓани. Секој еден којшто се огрешил да одговара пред органите на прогонот. Жалам што на таков низок и дрзок начин беа фрлани пердуви и беше манипулирана јавноста во текот на вчерашниот ден. Верувајте ми вистината ќе излезе на виделина. Очекувам уште пожестоки напади, лаги и манипулации во иднина, но тоа нема да нѐ поколеба да секој еден од недопирливите, коишто ги знае јавноста со име и презиме, со докази и факти почитувајќи ја пресумпцијата на невиност биде спроведен во рамки на соодветна процесна постапка пред законот, рече Тошковски.

Вели негова работа е да ги процесуира сите основани сомненија и таму каде што има докази да се расветлат случаите „без разлика дали бил македонски или не бил македонски граѓанин“.

– Секој македонски граѓанин знае кој душмански ја крадел Македонија, а моја работа е како министер за внатрешни работи во рамки на надлежностите на Бирото за јавна безбедност и сите останати институции коишто треба да работат врз основа на докази сите овие основани сомненија да ги процесуираме. Таму каде што има докази да се расветлат случаевите во соодветни процеси, таму каде што нема докази да се почитуваат сите оние процесни права коишто му следи на секој еден граѓанин дали бил македонски или не бил македонски тотално е небитно, рече Тошковски.

Во врска со состојбата во затворите, за која деновиве зборуваше директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов, министерот вели дека сѐ ќе биде соодветно процесуирано, бидејќи, како што рече, не може затвореници кои наводно биле во затвор да бидат дел од кривично правни настани надвор од затвор.

– Македонската јавност многу добро знае дека затвореници додека се во затвор биле учесници во рамки на сообраќајни незгоди. Македонската јавност многу добро знае дека затвореници наводно додека биле во затвор биле дел од одредени кривично правни настани надвор од затвор. Сето тоа нормално е дека ќе треба да биде соодветно процесуирано. Ова кое што се случува во затворите е срам за Македонија, рече Тошковски.

МВР е должно, додаде, да ги истражи сите овие наводи, но за внатрешното функционирање на затворите вели надлежно е Министерството за правда.

-Верувајте ми дека соодветно и навремено ќе реагираме за да го расветлиме и овој кривично правен настан којшто е факт дека е кривично правен настан, ова не е управна постапка. Не може затвореник којшто е наводно во затвор да предизвика сообраќајна незгода. Не може затвореник, којшто е наводно во затвор согласно евиденции коишто ги има таму да учествува во друга кражба. Не може, тоа е недозволиво. МВР е должно да ги истражи сите овие постапки. За внатрешното функционирање во рамки на затворите надлежна е институција која што не е МВР, тоа на крајот на денот сепак е под Министерство за правда. Но, во делот на откривање на криминал од ваков размер, во делот на сето она кое што е сведок јавноста во изминатото апсолутно е дека имаме надлежност и постапиме, дециден беше Тошковски. 


Можеби ќе ве интересира

ДКСК ГО ИСТРАЖУВА ИСКАЗОТ НА ЈАНУШЕВ - ќе постапуваат и по информациите за патувањето на синот на премиерот

ДКСК ГО ИСТРАЖУВА ИСКАЗОТ НА ЈАНУШЕВ - ќе постапуваат и по информациите за патувањето на синот на премиерот

МЛАД БИТОЛЧАНЕЦ УЦЕНУВАЛ И СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА: доби кривична пријава, како и лицето кое му помагало

МЛАД БИТОЛЧАНЕЦ УЦЕНУВАЛ И СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА: доби кривична пријава, како и лицето кое му помагало

ФЕЈСБУК, ИНСТАГРАМ, ЛИНКЕДИН... Силјановска и Мицкоски активни на Фејсбук, Гаши има профил на Тик-Ток

ФЕЈСБУК, ИНСТАГРАМ, ЛИНКЕДИН... Силјановска и Мицкоски активни на Фејсбук, Гаши има профил на Тик-Ток

ПОЧИНА ПЕТАР ЅАЛЕВ: Беше сведок на бројните промени во јавниот сервис од независноста на државата

ПОЧИНА ПЕТАР ЅАЛЕВ: Беше сведок на бројните промени во јавниот сервис од независноста на државата

ОБНОВЕНО:НЕВРЕМЕТО ПРИСТИГНА ВО СЕВЕРНИТЕ ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ: Во моментов силни грмотевици и дожд има во Бутел

ОБНОВЕНО:НЕВРЕМЕТО ПРИСТИГНА ВО СЕВЕРНИТЕ ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ: Во моментов силни грмотевици и дожд има во Бутел

ВО ЦУК И ДЗС ИМА ПРЕВРАБОТЕНОСТ: Нема луѓе таму каде што се потребни, вели Ангелов

ВО ЦУК И ДЗС ИМА ПРЕВРАБОТЕНОСТ: Нема луѓе таму каде што се потребни, вели Ангелов

НА ЈП „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ ЌЕ МУ СЕ ОБЕЗБЕДАТ 15 ТОНИ ГОРИВО ЗА ДА ПОМАГА СО ПОЖАРИТЕ: Еве ги заклучоците од состанокот на Управувачкиот комитет за справување со кризи

НА ЈП „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ ЌЕ МУ СЕ ОБЕЗБЕДАТ 15 ТОНИ ГОРИВО ЗА ДА ПОМАГА СО ПОЖАРИТЕ: Еве ги заклучоците од состанокот на Управувачкиот комитет за справување со кризи

АРАЧИНОВЕЦ Е ОСОМНИЧЕН ЗА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА АРАЧИНОВО: Тој сè уште е во бегство

АРАЧИНОВЕЦ Е ОСОМНИЧЕН ЗА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА АРАЧИНОВО: Тој сè уште е во бегство

„ВЕТУВАМ ДЕКА ЌЕ ГО ВЛОЖАМ СЕТО СВОЕ ЗНАЕЊЕ И УМЕЕЕЊЕ ДА ПРИДОНЕСАМ ЗА НАШАТА МАКЕДОНСКА КАУЗА“: Димитровски откако беше избран за заменик министер за надворешни работи

„ВЕТУВАМ ДЕКА ЌЕ ГО ВЛОЖАМ СЕТО СВОЕ ЗНАЕЊЕ И УМЕЕЕЊЕ ДА ПРИДОНЕСАМ ЗА НАШАТА МАКЕДОНСКА КАУЗА“: Димитровски откако беше избран за заменик министер за надворешни работи