26 Април, 2024
0.0269

Секоја акција на НЛБ Банка носи добивка од 35 евра

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Значаен раст на депозитите на други коминтенти, раст на кредитирањето и вложувањето во државни хартии од вредност, солидно зголемување на нето приходите од провизии и надоместоци, одржување на нето приходите од камати на ниво од 2018 година во услови на нивно генерално намалување. Ова треба да ги окуражи акционерите на НЛБ Банка во годината во која добивката е пониска за 12,7 отсто

Третата најголема деловна банка лани оствари добивка од 30,1 милиони евра односно 35 евра по акција, покажуваат официјалните неконсолидирани финансиски извештаи објавени на информативниот сервис СЕИ НЕТ на Македонската берза за хартии до вредност.
НЛБ Скопје во услови на генерален тренд на намалување на каматните стапки успеала да оствари нето приход од камати од 48,1 милиони евра што е за нијанса подобро од 2018 година и покрај тоа што приходите од камати лани се за нијанса пониски од 2018 година. Банката успеала да ги зголеми нето приходите од провизии и надоместоци за 900.000 евра во однос на 2018 година до износ од 18 милиони евра лани.

Значаен пад има кај останатите приходи од дејноста од каде всушност и произлегува намалувањето на добивката на банката лани во однос на 2018 година. Имено, лани останатите приходи се на ниво од 3 милиони евра, а во 2018 година биле на ниво од над 11 милиони евра.
Трошоците за вработените во однос на 2018 година пораснале за 5 отсто до износ од 13,8 милиони евра. Резервациите за кредитни пласмани лани изнесувале 6,95 милиони евра што е намалување за 3,7 милиони евра во однос на претходната година.

Од билансот на состојба е очигледен раст на депозитите што е значаен параметар за реномето на банката. Нивното ниво на крај на 2019 година достигна 1,18 милијарди евра и е за 97 милиони евра повисоко од крајот на претходната година. Согласно со тоа расте и нивото на кредити. На крајот на 2019 година нивното ниво достигна 889,3 милиони евра што е за 50 милиони евра повеќе во однос на крајот на претходната година. Истовремено за 50 милиони евра се зголемени и вложувањата на банката во хартии од вредност (пред се државни хартии од вредност н.з.).


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9