Секретарот на охридската болница ќе биде разрешен и суспендиран - директорот кој призна грешка останува
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2021
Директорот на ОБ Охрид денеска ќе го разреши и суспендира секретарот на болницата, кој спротивно на Националниот план за ковид имунизација се вакцинира преку ред во модуларната болница на КИБФС во Скопје.
Ова соопштение стигна од Министерството за здеравство.
Како што е познато, директорот вчера тврдеше дека грешќката околу овој случај е негова, и тој личнио ќе си понесе одговорност за случајот.
„Министерството за здравство ја осудува секоја злоупотреба и прекршување на приоритетните групи опфатени во трите фази на ковид имунизација. Укажуваме дека никој кој не е здравствен работник, опфатен во првата група, од првата фаза за имунизација, не смее да се вакцинира. Министерството за здравство апелира до сите здравстени установи, кои ги изготвуваат списоците за вакцинација и ги испраќаат до националниот систем Мој термин, дека за непочитување на планот и стратегијата за вакцинација, како и за секоја злоупотреба на процесот ќе следуваат строги санкции“, се вели во соопштението кое пристигна од Министерството за здравство.