08 Мај, 2024
0.0237

СЕКСУАЛЕН СКАНДАЛ ВО ЕКОТ НА НОБЕЛОВИТЕ НАГРАДИ

Објавено во: Свет 04 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Шведската академија објави дека нема да има добитник на Нобелова награда за литература во 2018 година. Ова следува како резултат на обвинувања за сексуален напад против член на академијата.

За првпат по 75 години, таинственото жири кое ја предава најпрестижната книжевна награда во светот, оваа есен нема да го открие победникот, туку ќе открие двајца победници за 2019 година. Одлуката, објавена по вчерашниот состанок, е донесена по низа обвиненија за сексуален напад против францускиот фотограф Жан-Клод Арно, сопруг на член на академијата и поетеса Катарина Фростенсон, пишува Радио МОФ.

Откако наводите беа објавени во ноември, тројца членови на 18-членото жири кое го избраа победникот, поднесоа оставка во знак на протест поради одлуката да не го протераат Фростенсон. Арно, исто така, беше обвинет за протекување на имињата на седумте поранешни добитници на Нобелова награда. Тој ги негира и двете тврдења.

По скандалот и протестите низ државата, постојаниот секретар на академијата Сара Даниус поднесе оставка на 12-ти април.

Членството во телото, кое е основано во 1786 година од шведскиот крал Густав III, е наменето да трае за цел живот, така што ако некој член си замине останува празно место во жирито се додека не почине.

По серијата неодамнешни оставки, шведскиот крал Карл XVI Густав објави дека ќе ги промени статутите на академијата, дозволувајќи им на нови членови да бидат назначени за да ги заменат оние што дале оставка.

Начинот на кој академијата избира добитник на наградата за литература остана мистерија во текот на минатиот век. 

Репутацијата на наградата, која ја добиле имиња како Самуел Бекет до Рабиндранат Тагоре, исто така беше доведена во прашање во 2016 година, кога академијата гласаше за музичарот Боб Дилан како нејзин лауреат за создавање нови поетски изрази во американската традиционална песна.


Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?

ГИ ИЗГУБИЈА СЕМЕЈСТВАТА: Нема безбедно засолниште во Рафа за 600.000 деца

ГИ ИЗГУБИЈА СЕМЕЈСТВАТА: Нема безбедно засолниште во Рафа за 600.000 деца

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО НЕГО: Руски затвореник што се борел во Украина си убил шест соборци

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО НЕГО: Руски затвореник што се борел во Украина си убил шест соборци

НА 15 КИЛОМЕТРИ ОД РАФА: „Никнува“ нов град во Египет

НА 15 КИЛОМЕТРИ ОД РАФА: „Никнува“ нов град во Египет

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

(ВИДЕО) ОВА ТРЕБАЛО ДА БИДЕ „ПОДАРОК“ ЗА ПУТИН ЗА ИНАУГУРАЦИЈАТА: Украина уапси руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

(ВИДЕО) ОВА ТРЕБАЛО ДА БИДЕ „ПОДАРОК“ ЗА ПУТИН ЗА ИНАУГУРАЦИЈАТА: Украина уапси руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ ДЕЛИ ОТКАЗИ ПРЕКУ СМС - работници на Тесла викендов останаа без работа, компанијата е турната до ѕид

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ ДЕЛИ ОТКАЗИ ПРЕКУ СМС - работници на Тесла викендов останаа без работа, компанијата е турната до ѕид