СЕРИОЗЕН ПАД: Што го повлече биткоинот на дното?
Објавено во: Економија 14 Август, 2018
Биткоинот падна под 6 000 долари, а другите криптовалути се на ниско ниво.
Денеска вредноста на биткоинот се намали за 4,5 проценти на 5,975.21 долари, а во моментов се тргува за 6,058 долари. Етреумот падна за 7,3 отсто на 263,09 долари, ХРП за 5,2 отсто на 0,26 долари, биткоин кеш за 7,9 отсто на 489,91 долари, стелар за 7,8 отсто на 0,20 долари.
Целиот криптопазар падна за околу 10 проценти во последното деноноќие.