СЕРИОЗЕН УДАР ЗА ПРИСТАНИШТЕТО ВО БАР: Koлку чини штетата од невремето?
Објавено во: Балкан 04 Јули, 2024 18:59
Штетата од невремето во пристаништето Бар е 35 милиони евра, соопшти црногорската влада.
При силното невреме деновиве беше уништена или значително оштетена пристанишната механизација и неколку работници беа повредени.
Ова се прелиминарни проценки за штетите во пристаништето, за кои се расправаше денеска на седницата на Владата на Црна Гора.
Без итна помош од црногорските власти, пристаништето во Бар предупредува дека нивните клиенти би можеле да ја пренасочат својата стока во други пристаништа. Тоа значи дека оваа мнозинска државна компанија ќе губи околу 14 милиони евра приход годишно.
Лоциран на 75 километри од Подгорица, на југот на Црна Гора, Лука Бар е еден од најважните економски ресурси на државата. Уништени се сите три претоварни моста и товарната кула за жито со капацитет од 300 тони на час, а подвижната лента што се користи за пренос на жито од бродот до силосот, како и бункерите на врската брод-вагон-камион беа оштетени. Срушените мостови се изградени пред половина век. Две лица загинаа во невремето. Невреме имаше и во другите земји од регионот, Хрватска, Словенија, Србија, а денеска невреме има и во Грција.
Можеби ќе ве интересира
Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај




