Сериозно нарушен угледот на македонскиот авиосообраќај – Големите брендови тешко да се вратат
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2016 10:52
Македонскиот авиосообраќај претрпе повлекувања на значајни брендови од авиоиндустријата кои повеќе не гледаат економска логика да летаат од и до Скопје. Одлука за повлекување донесоа Алиталија, Свис Ерлајнс и Чех Ерлајнс со што се изгубија значајни директни линии до атрактивни европски градови.
Според Снежана Јовановска, основач на туристичката агенција Орфеј која во изминатите дваесетина години директно соработува со авиокомпаниите, ова ќе и нанесе голема штета на Македонија бидејќи угледот кој е граден долго време е под закана. Токму затоа проценува дека големи брендови тешко дека ќе се вратат повторно во Македонија ако продолжи применувањето на политиката на директно субвенционирање на една компанија која има најголем бенефит од државната помош. На овој начин се создава нелојална конкуренција на пазарот и тоа ги спречува останатите авиокомпании да се натрпеваруваат за македонските патници.

Фактор: Во изминатиот период се направија обиди преку субвенционира да се зголеми бројот на патници со евтини авиобилети и поврзување со туристички или бизнис дестинации низ Европа, а преку нив и поврзување со остатокот од светот. Колку оваа стратегија успеа и дали авиокомпаниите кои заминаа ќе влијаат и врз останатите конкуренти?
Јовановска: Секој за да воспостави линија до скопје го гледа пред се профитот. Нереално е да ги повикуваме странските компании и брендови кога има нелојална конкуренција, 5 милиони евра се дадени од 2014-та, се дава по 9 евра од патник и се покриваат дел од аеродромските такси. Никој нема одвишок на пари за да си „игра“ бизнис во Македонија. Монополот со една нискобуџетна компанија веќе станува потсмев во регионот. Интерес имаше и кај други нискобуџетни компании, но тие не можат да се наметнат.

Фактор: Повеќето од директните линии од Скопје се поврзани со аеродроми кои се споредни, односно доста одалечени од посакуваните градови низ Европа, колку тоа ги зголемува трошоците на патниците.
Јовановска: Директните линии се голем бенефит и за граѓаните, бизнисмените и секако политичарите кои речиси секојдневно летаат. Но, ако се пресметаат трошоците испаѓа дека картите и не се баш евтини освен ако не ги купите месец до два однапред. Тука се додаваат и трошоци за чек-ин, како и за багаж кои се многу високи. Тоа што малкумина го гледаат е и трошокот за трансфер, бидејќи директните линии се на помали аеродроми во околината на некој европски град кои се одалечени на најмалку 50 до 100 километри од градот, како Лутон до Лондон, па за да стигнете до посакуваната дестинација ќе треба да платите уште најмалку 50 евра што кога ќе пресметате се заедно испаѓа како да сте ја платиле картата во редовниот сообраќај, па дури и поскапо.
Што кога еден ден ќе престанат субвенциите, кој ќе лета од Македонија тогаш
Субвенциите се добри, но на краток период, посебно кога треба да се воспостави одредена економска цел, во случајов со Македонија привлекување на повеќе авиокомпании, поевтини билети и повеќе директни дестинации од Скопје. Сепак, тие не се добри на долг рок бидејќи откако ќе престанат авиокомпаниите целосно ќе го изгубат интересот за летање од Скопје бидејќи повеќе ќе ги немаат истите економски бенефити и ќе останат зависни од самиот пазар кој на овој начин не се развива, а проблем е и самата конкуренција која го губи интересот.

„Јас успеав да ги убедам Алиталија во 2004-та да летаат Скопје-Милано без субвенции, а потоа го донесов и Бугарија Ер со преполни редовни летови, а картите чинеа над 300 евра. Проблемот беше што администрацијата на Алиталија го гледаше само обемот на патници, но не и дополнителниот бенефит преку поврзаните линии во Европа и прекуконтиненталните летови. Сепак, сосема е возможно да се развие авиосообраќајот и без субвенции на долг рок кои се проблематични за Македонија во сите наведени аспекти“, заклучува Јовановска.
Христијан Станоевиќ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




