29 Септември, 2023
0.0247

СЕВЕРЕН ТЕК 1 ОД УТРЕ ЦЕЛОСНО БЕЗ ГАС: Големите компании се подготвуваат за вонредна состојба

Објавено во: Економија 10 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Најважниот гасовод што испорачува руски гас во Германија, Северен тек 1, од утре ќе биде затворен поради ремонт, како што претходно најави операторот, што ги зголеми стравувањата во Германија дека тоа може да значи целосно „затворање на чешмата“.

Министерот за економија Роберт Хабек изрази загриженост дека Русија веќе нема да испорачува гас дури и по ремонтот.

Работите ќе траат 10 дена, до 21 јули, така што при ремонтот повеќе нема да има испораки на гас од Русија за Германија.

Веќе во јуни Русија значително ги намали количините што ги испорачува за Западна Европа, со објаснување за проблемот поради турбината која недостига.

Според податоците на Федералната мрежна агенција, Германија во моментов добива само околу 40 отсто од својот гас преку Северен тек.

Властите во Берлин претпоставуваат дека исклучувањето на Северен тек 1 би можело да трае подолго од најавеното, можеби и до две недели.

Сепак, стравот е поголем од продолжувањето на ремонтот дека Северен тек може да остане без гас и по завршувањето на работите.

Германскиот вицеканцелар и министер за економија Хабек рече дека го очекува најлошото сценарио.

„Се е можно, се може да се случи. Можеби ќе се испорача повеќе гас, повеќе од досега, но може да има и целосен прекин на испораките“, подвлече тој.

Овој страв го дели и германската индустрија, пред се хемиската и фармацевтската, која е голем потрошувач на енергија.

Директорот на VCI, Волфганг Гросе Ентруп, рече дека индустријата се подготвува за намалување или дури и суспендирање на пратките.

Според него, компаниите од југот и југоисточниот дел на Германија прво би ги почувствувале проблемите поради гасоводниот систем, додека северот и западот би можеле полесно да се снабдуваат преку пристаништето.

Во големите компании како BASF, Merck или TisenKrupp, во тек се подготовки за вонредна ситуација. Од ThyssenKrupp велат дека можностите за заштеда на гас во производството се речиси минимални.

Ограничувањето на снабдувањето со гас, велат тие, би значело и ограничување на производството.

ФОТО: EPA/FRIEDEMANN VOGEL

Можеби ќе ве интересира

Две балкански земји имаат највисока инфлација во ЕУ

Две балкански земји имаат највисока инфлација во ЕУ

Колкав процент од младите во ЕУ работат додека се школуваат?

Колкав процент од младите во ЕУ работат додека се школуваат?

Нова бугарска фирма ќе снабдува гас за ЕСМ

Нова бугарска фирма ќе снабдува гас за ЕСМ

ИМА ЛИ ДВОЈНИ АРШИНИ КАЈ АКТИВИСТИТЕ КОИ СЕ ПРОТИВ РУДНИКОТ „ИЛОВИЦА-ШТУКА“ - кои се всушност нивните мотиви?

ИМА ЛИ ДВОЈНИ АРШИНИ КАЈ АКТИВИСТИТЕ КОИ СЕ ПРОТИВ РУДНИКОТ „ИЛОВИЦА-ШТУКА“ - кои се всушност нивните мотиви?

Во Македонија отворена најголемата фотоцентрала на Балканот, сопственик е „АТС Гроуп“

Во Македонија отворена најголемата фотоцентрала на Балканот, сопственик е „АТС Гроуп“

Странци без лиценци ќе добијат право да приредуваат онлајн игри на среќа во Македонија

Странци без лиценци ќе добијат право да приредуваат онлајн игри на среќа во Македонија

КОЈ ДОЗВОЛИЛ МЛЕКО СО АФЛАТОКСИН ДА СЕ КОРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА - Трипуновски со шокантно тврдење

КОЈ ДОЗВОЛИЛ МЛЕКО СО АФЛАТОКСИН ДА СЕ КОРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА - Трипуновски со шокантно тврдење

ЈУБИЛЕЈ КОЈ ГОВОРИ ЗА УСПЕШНА ОДРЖЛИВОСТ - РАДЕ КОНЧАР СЕРВИС БЕЛЕЖИ 75 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

ЈУБИЛЕЈ КОЈ ГОВОРИ ЗА УСПЕШНА ОДРЖЛИВОСТ - РАДЕ КОНЧАР СЕРВИС БЕЛЕЖИ 75 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

МАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ НЕ МУ ГИ ПРОДАДОА АКЦИИТЕ НА „ГОЛЕМИОТ“ - Селаудин Арифи останува газда на 74 отсто од „Жито Караорман“

МАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ НЕ МУ ГИ ПРОДАДОА АКЦИИТЕ НА „ГОЛЕМИОТ“ - Селаудин Арифи останува газда на 74 отсто од „Жито Караорман“