04 Мај, 2024
0.0266

Северна Кореја лансираше ракета - каде падна?

Објавено во: Свет 21 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Балистичката ракета што ја лансирала Северна Кореја летала околу 500 километри и се смета дека паднала кај источниот брег на земјата.

Здружениот стручен штаб на оружените сили на Јужна Кореја и САД спроведува детална анализа на лансирањето.

Претседателот на Јужна Кореја,  Мун Џе Ин одржа седница на советот за национална безбедност за да се дискутира за лансирањето. 

Ова е ново тестирање ракета, само една недела откако Северна Кореја успешно тестираше балистичка ракета со среден дострел, за која Пјонгјанг тврди дека има способност да носи нуклеарна боева глава, а леташе подолго и подалеку од која било претходно лансирана ракета. 

Во соопштението се истакнува дека Северна Кореја „попладне лансирала неидентификуван проектил од Пукчанг, во провинцијата Јужен Пјонгјанг“.

Минатата недела Пјонгјанг лансираше ракета со среден дострел „хвасонг-12“, а аналитичарите тврдат дека нејзиниот мотор има досега најголем дострел.

Тоа беше десетто лансирање ракета годинава, по десетината тестирања и двете нуклеарни проби  во 2016 година. Северна Кореја забрзано работи на развој на интерконтинентална балистичка ракета способна нуклеарна боева глава да однесе до САД.

Претседателот на САД,  Доналд Трамп кажа дека „нема да дозволи тоа да се случи“.

Пјонгјанг одамна може да погоди мети во Јужна Кореја, со ракети „скад“ со дострел од 500 килокметри, додека Јапонија може да ја погоди со ракетите „родонг“ кои можат да дофрлат меѓу 1.000 и 3.000 километри.

Можеби ќе ве интересира

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)