СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ АКО ЈА ИЗБРИШЕ ИСТОРИЈАТА НА БУГАРИЈА: Лидерката на БСП Нинова со тврд став
Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2021
Додека јас преговарам за влада, Северна Македонија нема да
влезе во Европската Унија ако ја избрише историјата на Бугарија. Имаме волја да
формираме влада и да обезбедиме мнозинство кое уште во првите денови ќе го
усвои буџетот и ќе ги придвижи сите мерки за помош на луѓето и бизнисите. Да се
номинираат силни личности да ја водат Бугарија низ кризите. Сепак, има луѓе
со интереси кои сакаат преговарачкиот тим да ги исполни нивните барања. Дадов
оставка затоа што по тешката изборна загуба морав да преземам одговорност -
морална и политичка, изјави лидерката на бугарската Социјалистичка партија, Корнелија Нинова во
интервју за БГНЕС.
Приоритената задача, според Нинова, е да се направи се што е можно да се формира редовна влада.
„Се плашам дека ќе има некои многу спорни прашања во овие преговори и јас сум пречка за нивно решавање. Тие знаат дека додека јас преговарам за влада, Северна Македонија нема да влезе во Европската Унија ако ја избрише историјата на Бугарија, другото е мојот став за родовата идеологија, не се посветува доволно внимание на оваа тема, но ве предупредувам - наредните месеци ќе бидат тест за овие две теми.
ФОТО: YouTube Print screen