18 Мај, 2024
0.0255

Северна Македонија: предизборната анкета покажува зголемена економска загриженост и намалени надежи за пристап во ЕУ

Објавено во: Мои пари 16 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Новата анкета за Северна Македонија спроведена на национално ниво од страна на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) открива пад на вербата дека земјата ќе обезбеди членство во Европската унија (ЕУ) во блиска иднина, како и пораст на економските вознемирености. Овие наоди доаѓаат еден месец пред парламентарните избори во Северна Македонија и по неуспехот на ЕУ да се согласи да започне преговори за пристапување со земјата во 2019 година.„Одложувањето на започнување на разговорите за пристапување во ЕУ ги обесхрабри надежите на македонската јавност за идно членство“, рече Пол Мекарти, регионален директор на ИРИ за Европа. „Граѓаните сега го насочуваат своето внимание кон внатре, наведувајќи ги економските прашања како најважни проблеми со кои се соочува Северна Македонија денес“.

Иако 80 проценти од граѓаните поддржуваат Северна Македонија да стане членка на ЕУ, само 28 проценти веруваат дека нивната земја ќе влезе во ЕУ во текот на следните пет години - пад од седум проценти  од последната анкета на ИРИ во јули 2018 година. Исто така, процентот на испитаници кои сметаат дека интеграцијата во ЕУ ќе трае подолго од десет години е зголемена за седум проценти. Испитаниците исто така ја наведоа „Интеграцијата во ЕУ“ како главно прашање за кое политичарите „зборуваат премногу“. 

Поради изгледите за одложување на интеграцијата во ЕУ, јавноста го свртува вниманието кон економијата: 52 проценти од испитаниците сметаат дека прашањата поврзани со економијата (невработеност, економска состојба, сиромаштија, ниски пензии или неплаќање на пензиите) се најважните проблеми со кои се соочува Северна Македонија денес. Меѓутоа, граѓаните не сметаат дека политичарите ги делат нивните приоритети: 59 проценти од граѓаните се согласуваат дека политичарите треба да зборуваат повеќе за овие економски прашања. 

Овие економски вознемирености може да придонесуваат за општо чувство на песимизам во врска со траекторијата на земјата. Седумдесет и седум проценти од испитаниците сметаат дека денешната генерација на млади луѓе немаат добра иднина во Северна Македонија, додека 50 проценти од испитаниците изјавиле дека член на семејство емигрирал во неoдамнешните години. „Неуспехот на последователните влади да ги решат овие прашања веројатно има придонесено за негативната економска перспектива на јавноста и зголемената емиграција“, додаде Мекарти. 

На 12 април, Северна Македонија ќе одржи парламентарни избори, на кои околу три четвртини од граѓаните „многу“ или „донекаде“ веројатно ќе гласаат. Додека мнозинството од населението во Северна Македонија смета дека ниту една политичка партија не е најдобро опремена да постигне раст на економијата, партиите СДСМ (18 проценти) и ВМРО-ДПМНЕ (17 проценти) го делат лидерското место меѓу оние кои именувале партија која претпочитаат дека ќе ја реструктуира економијата. Севкупно, наодите покажуваат дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се на исто ниво и пред сите други партии во пресрет на изборите следниот месец. На прашањето за која партија би гласале доколку  следната недела се одржат изборите, 17 проценти од гласачите го идентификуваа СДСМ, а 16 проценти ја избраа ВМРО-ДПМНЕ. 


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата