04 Мај, 2024
0.3415

Шаќири верува дека сите „рамковни“ ќе ги прифатат новите работни места

Објавено во: Економија 09 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири верува дека сите 1.300 вработени, познати по тоа дека со години седат дома и земаат плата, ќе ги прифатат новите работни места кои ќе им се понудат откако ќе биде изгласан законот за нивно прераспределување што го утврди Владата на последната седница.

- По стапувањето на сила на законот, министерството за политички систем и Министерството за информатичко општество и информатика ќе ги вкрстуваат податоците за да се увиди професионалната подготовка на сите кандидати, но ќе се земат во предвид и годишните планови за 2021 година, рече Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање.

Освен соодветното образование и професија, ќе се гледа и на тоа и нивното место на живеење да се поклопува со локацијата на институцијата која ќе има потреба да превземе вработени според овој закон.

Шаќири се надева дека на крајот сите, односно најголемиот дел од 1.300-те вакви случаи ќе ја прифатат понудата. Тој уште еднаш предупреди дека ќе имаат втора шанса да прифатат редовно работно место преку трансфер-листата на МИОА, ако не бидат ангажирани уште во првата фаза, но доколку одбијат и тогаш, тоа ќе значи крај на нивниот работен однос.

Шаќири нема одговор на тоа колку долго ќе може тие да чекаат на трансфер-листата на МИОА без да прифатат активно вработување, но рече дека тоа ќе биде пропишано во законското решение.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?