26 Април, 2024
0.0463

Шапуриќ се сретна со европските и регионалните инженери

Објавено во: Економија 22 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Д-р Зоран Шапуриќ, Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, е во дводневна посета на Софија каде учествува на Конференцијата "Балкански инженерски форум - Регионална соработка на Балканот" организирана од Европскиот совет на инженери, која се одржува во рамките на активностите на претседавање на Бугарија со Европската Унија. 

„Тој имаше  свое обраќање во кое помеѓу другото ги нагласи напорите на Владата на Република Македонија, за забрзување на евроатланските интеграции. Исто така, тој ја изрази определбата на Владата за перманентна соработка  со стручните асоцијации меѓу кои и со македонската Комората на овластени  архитекти и овластени инженери чиј претседател Миле Димитровски исто така, учествуваше на конференцијата“, се вели во соопштението.

За време на конференцијата министерот Шапуриќ оствари повеќе билатерални средби со Претседателот и Генералниот секретар на  Европскиот Советот на инженери Арис Хадзидакис и Клаус Туриедл, со заменикот министер за регионален развој на Бугарија Валентин Јовев и со претседателите на инженерски комори на Турција, Бугарија, Албанија и Босна и Херцеговина.


Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9