Шарена Револуција дојде за поддршка, Судот го презакажа судењето на Богоевски
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2016
Соборците како што и самиот ги нарекува, не го оставија сам Павле Богоевски и дојдоа пред Основниот суд да му дадат поддршка и да протестираат против притисоците кои како што велат се прават против луѓето кои протестираат.
Судот поради технички пропуст во обвинителниот акт го одложи денешното судење а следното е закажано за 14 ноември.
Богоевски се товари за учество во толпа која ќе изврши кривично дело, дело за кое е предвидено парична казна или казна затвор до три години.