„Шарли Ебдо“ повторно ги исмева муслиманите?
Објавено во: Свет 23 Август, 2017
На насловната страница на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ прикажани се луѓе како лежат на улица во крв откако ги прегазило комбе, со зборовите „Исламот, религија на мирот“.
По најновите терористички напади во Шпанија, „Шарли Ебдо“ повторно со својата насловна страница предизвика жестоки реакции.
Зад нападите во Барселона и Камбрилс, во кои беа убиени 15 луѓе, а над 100 се повредени, стојат исламски екстремисти со мароканско потекло.
Критичарите велат дека новата насловна ја навредува целата религија, која има 1,5 милијарди верници ширум светот, сугерирајќи дека таа во суштина е насилна и дека би можела да поттикне исламофобија.
Уредникот на „Шарли Ебдо“, Лоран Рис Сурисо, возвратила дека експертите и политичарите избегнуваат тешки прашања од почит кон умерените муслимани кои почитуваат закони.