Добивај вести на Viber
Дневниот весник „Вечер“ ја разбранува јавноста со информација дека на Денот на ослободување на Скопје - 13-ти Ноември, во ГТЦ ќе биде поставен споменик на поп-ѕвездата со иницијали М.Џ.
Според весникот, станува збор за Мајкл Џексон, а споменикот ќе биде со димензии од 14 метри и со постамент од осум метри.
Сепак, најверојатно станува збор за комерцијален трик, во функција на промоција на филмот „Споменик на Мајкл Џексон“, на режисерот Дарко Лунгулов.
Филмот е копродукција меѓу четири држави, Македонија, Србија, Германија и Хрватска, но во земјава се уште се договара неговата презентација.
Пред српската премиера на филмот, пред кино салата на „Синеплекс“ беше поставена скулптура на Мајкл Џексон, но таму овој настан не предизвика толкаво внимание на јавноста.