19 Мај, 2024
0.0288

ШЕКЕРИНСКА, ФИЛИПЧЕ, А ИМА И ДРУГИ - КОЈ ЌЕ СИ ЗАМИНЕ ОД ИЛИНДЕНСКА, А КОЈ ОСТАНУВА ВО НОВАТА ВЛАДА - Ковачевски го крои Кабинетот

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

По Шеќеринска и Филипче уште најмалку тројца други министри од владиниот кабинет на Заев што не се од коалициските партнери веројатно нема да бидат дел од новиот владин состав кој деновиве интензивно го подготвува лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, коментираат извори од владејачката партија, јавува ТВ Сител. 

Иако имиња нема, коалициски партнери од Владата коментираат дека речиси е извесно дека од Владата заминува министерката за образование Мила Царовска. 

Според телевизијата, се очекува, новиот владин кабинет на Ковачевски да биде стокмен дури и побрзо од очекуваниот 15-ти јануари. Доколку актуелниот премиер Заев ја поднесе оставката наредната среда, како што се најавува, тогаш Ковачевски би го добил мандатот за Влада некаде на 26 или 27 декември, велат изворите. Тој, пак, не би ги користел сите 20 дена уставен рок за да ја напише владината програма и да ги предложи министрите имајќи предвид дека тоа го прави уште од времето на договорот Заев-Гаши.

Како што пишувавме, министерката за одбрана Радмила Шекеринска вчера објави дека не очекува нова владина функција. 

Таа потсети дека пред осум месеци се повлекла од партиската функција заменик-претседател на СДСМ оти не се согласувала со дел од политиките, кои според неа, придонеле за пораз на локалните избори и не очекува работите да се сменат.

„За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не ги научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги чувме или не ги разбравме, и затоа мислам дека единствената чесна и принципиелна одлука е да не учествувам во следната Влада“, нагласи Шекеринска.

Потенцира дека во изминатите четири и пол години, таа, како и другите нејзини колеги, и служела на државата, и се оддолжила за голема доверба добиена од граѓаните, со членство во НАТО и најбрза воена интеграција од страна на која било кандидатка членка на Алијансата. И она што за неа било особено важно, апсолутно променета ситуација во нашата Армија.

„Тоа беше резултат затоа што работевме чесно, принципиелно и трудољубиво. Така треба да се работи и тогаш резултатите доаѓаат. Меѓутоа, ако не сме принципиелни кон себе, не можеме да бидеме принципиелни ни кон граѓаните“, рече Шекеринска.

Во врска со односите меѓу Русија и Украина и можноста за ескалација на состојбата, Шекеринска рече дека и нашата држава, како и другите членки на Алијансата го поддржале коминикето на НАТО со кое се изразува сериозна загриженост заради ескалацијата на состојбата, особено со зголемувањето на руски трупи на границата со Украина.

Инаку, откако ресорот здравство премина во Алтернатива, владина функција не очекува ни Филипче, а сега најавува дека се повлекува и од раковдството на СДСМ.

Според Сител, новото раководство на СДСМ се очекува да биде избрано од страна на ЦО идната недела. Освен Филипче, во него нема да бидат ни Оливер Спасовски ни Мила Царовска. Додека, пак, телевизијата објавува дека новиот лидер Ковачевски и натаму смета на Сања Лукаревска, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“