16 Јануари, 2025
0.0367

Шекеринска им порача на болните од рак на дојка: „Не сте сами!“

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Радмила Шекеринска, заменик претседателката на СДСМ денес даде поддршка за жените коишто се борат со ракот на дојка, и порача дека „тие не се сами“.

- Ова општество и оваа држава и сите ние, сакаме да дадеме поддршка и да покажеме дека превенцијата е важна, дека само прегледите спасуваат животи, а дека државата и здравствениот систем мора да направат се, за да им помогнат на сите оние коишто страдаат од оваа болест, изјави Шекеринска.

Таа изјави и дека нејзината партија се залага за зголемување на бројот на лекови на позитивната листа коишто се напредни, коишто овозможуваат на жените да живеат со оваа болест, да се справуваат со болеста, и да го вратат назад своето здравје.

- Денеска сите заедно треба да ја испратиме пораката дека ова е болест, со којашто можеме заедно да се бориме, и да спасуваме многу животи на жените во Македонија.

Со симболична прошетка и хуманитарна трка (во должина од еден километар) во рамки на манифестацијата „Напред розово“ во организација на Здружението „Борка“ – За секој нов ден, граѓаните денес дадоа поддршка на болните од рак на дојка и на нивните семејства. Настанот се одржува денеска во Градскиот парк во Скопје кај Школка.


Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката