26 Април, 2024
0.0310

Шекеринска на вежбата Одлучен удар: Покажавме дека заслужуваме да бидеме членка на НАТО

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Северна Македонија ќе стане членка на НАТО, а денеска покажавме дека тоа го заслужуваме, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска по денешната показна вежба на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар“.

„Република Северна Македонија набрзо ќе стане 30. членка на НАТО алијансата. Тоа значи не само седење на истата маса, туку и заеднички вежби, заедничка обука, заедничко учество во операции со кои се гарантира и нашиот и светскиот мир. Ние денеска овде на сите скептици им покажавме дека Северна Македонија има што да и понуди на Алијансата – има да и понуди обучени, професионални војници и офицери и има да и го понуди и овој одличен полигон Криволак, кој што ја покажа и својата сила и својот капацитет и своите потенцијали“, рече министерката.

Шекеринска истакна дека на овој начин највидливо, визуелно покажавме дека го заслуживме своето место во Алијансата. На војниците кои се вклучени во вежбата им оддаде вистинско признание за покажаните способности.

„Најголемиот напор и нашите најголеми комплименти навистина треба да отидат на оние илјадници војници и офицери кои што повеќе од месец  дена напорно работат на оваа цел и особено на оние стотина луѓе кои што речиси две години работеа за да вежбата Одлучен удар стане реалност. Ќе станеме членка на НАТО, денеска покажавме дека тоа го заслужуваме. Заедно сме посилни“, додаде министерката.

Вежбата „Одлучен удар“ е најголемата вежба досега организирана во Северна Македонија. Вежбата започна на 05 јуни, а ќе трае до 09 јули. Вклучува над 2.700 припадници од вооружените сили на 6 држави – Северна Македонија, САД, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Литванија.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите