Шекеринска: Ни требаат пари од странство!
Објавено во: Финансии 28 Мај, 2020
Затоа ни требаат држава и институции со полн капацитет. За да им помогнеме на фирмите да преживеат, за да им помогнеме на граѓаните кои што ќе бидат во потешка социјална и економска ситуација. Ни требаат закони, ни требаат пари и од странство, а за сите тие работи ви треба функционално Собрание. Затоа мојот став е час поскоро да ги организираме изборите, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска по посетата на касарната во Кичево.
Ова Шекеринска го искоментира како одговор на новинарското прашање од локален медиум кога ќе се одржат вонредните парламентарни избори откако по се изгледа терминот од 21 јуни што го побара владеачкиот СДСМ отпаѓа од игра.
- Во држава во која се уште не функционира Собранието може да трае месец, два, три, но не може предолго да трае. Ниту една власт која што е демократска не посакува да егзистира без контрола. А кога немате Собрание, вие немате базична законодавна контрола врз извршната власт, изјави Шекеринска.
Процесот за издавање на шестгодишна еврообврзница со максимална камата од 4,5 проценти започна вчера и заинтересираните инвеститори веќе може да купуваат од обврзниците кои ги нуди земјава. Во објавата стои дека процесот ќе се заокружи на 3 јуни и дека земјава ја издава за да го поддржи буџетот за 2020 и 2021 година.