Шекеринска: Силата е во различностите, само тие можат да не движат напред
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2016
На 20-тиот Конгрес на Социјалдемократсиот сојуз на Македонија денеска се обрати и претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.
– Политичарите кои владеат со поделби по етничка основа се веќе минато. Граѓаните ги препознаа ови политичари.Ние сакаме да градиме држава на еднакви граѓани на едно општество со еднакви права во кои за сите има место и заедно ќе ја направиме нашата татковина подобро место за живеење- рече Шекеринска.
Таа зборуваше и за реформите во образованието.
– Ќе го укинеме екстерното. Ќе го намалиме бројот на предмети во образовниот процес. Ќе ги преиспитаме и наставниѕте програми и учебниците. Во првите шест години од деветгодишното образование ќе има описни оценки, зашто ни е потребно знаење. Ќе ги зголемиме платите на наставниците. Ниту еден наставниик нема да има пониска плата од просечната во РМ. Преземаме обврска дека ќе изградиме студентски град во Скопје, а во Штип студентски кампус.Ќе воведеме посебна студентска картичка -рече Шекеринска.
Шекеринска зборуваше и за реформите во здравството каде што рече е потребно да се направи се за да останат лекарите во земјава преку повисоки плати и низа други подгодности.