30 Април, 2024
0.0291

Шеќеринска се сретна со одбранбените аташеи на Република Македонија и воениот претставник на постојаната мисија во НАТО

Објавено во: Македонија 18 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Денеска во Министерството за одбрана, министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, одржа состанок со  одбранбените аташеи на Република Македонија САД, Турција, и СР Германија, со воениот претставник на РМ при НАТО  и со нерезидентното аташе за Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Министерката Шеќеринска,  ги информираше воените претставници на Република Македонија за актуелните состојби во МО, како и за идните планови, фокусирајќи се на претстојната изработка на стратегиските документи од доменот на одбраната и чекорите кои ќе се преземат во однос на постапното зголемување на одбранбениот буџет. Дополнително, министерката зборуваше и за тоа што треба да се преземе во насока на подобрување на интерните процеси и процедури во МО и начините за идна комуникација, а се со цел заеднички и координиран настап пред странските партнери и пријатели.

За време на состанокот аташеите ја информираа министерката за одбрана за актуелните состојби во земјите за кои се задолжени како и за актуелните случувања во НАТО, за редовните и вонредни активности кои ги спроведуваат со акцент на периодот јануари август 2017 година како и за нивните идеи и препораки за идниот период.

Од страна на министерката Шеќеринска беше побарано од нашите претставници да продолжат интензивно да работат за континуирано јакнење на довербата и соработката со партнерите, во насока на остварување на стратешката цел на државата – членство во НАТО.

Беше заклучено дека ваквиот тип на состаноци се корисни и ќе се одржуваат еднаш годишно.

Можеби ќе ве интересира

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени