Добивај вести на Viber
Владата бара приватни инвеститори заинтересирани да купат шест детски одморалишта, кои сега не се во функција, и да ги претворат во нови и модерни туристички комплекси.
Се работи за детското одморалиште Малешево Берово со вкупна површина од 4001 м2, детско одморалиште Пелистер Битола со вкупна површина од 5229 м2, потоа детско одморалиште Николиќ Дојран со вкупна површина од 6089 м2, детско одморалиште Ѓуриште Свети Николе, со вкупна површина од 1060 м2, детско одморалиште Суви Лаки Берово со вкупна површина од 3446 м2, како и одморалиштето Горно Водно Скопје.
Одморалиштата, со кои сега управува Министерството за труд и социјала, во втората половина на месец август 2014 година ќе бидат понудени на , или групен или поединечен, јавен оглас за продажба.
„Проценката на цената на одморалиштата е утврдена од Бирото за судски вештачења, а за максимална транспарентност при продажбата е предвидено истата да се одвива преку електронски систем по пат на јавно надавање, односно преку електронска јавна аукција. Сите детали поврзани со одморалиштата ќе бидат објавени во јавниот оглас кој треба да излезе кон средината на месец август. Имотот кој ќе биде продаден ќе стане сопственост на купувачот кој ќе понуди највисока цена, и тој на истиот имот ќе може да организира свој автохтон бизнис и истиот самостојно да го води и да обезбедува приходи. Битно е да се напомене дека на имотот кој ќе биде купен, новиот сопственик односно претприемачот ќе може да организира единствено бизнис од дејноста туризам“, нагласи владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Според Владата, ова е добра можност за развој на бизнисите, а во Министерството за труд и социјална политика може да се добијат податоци, консултации и одговори на прашања кои се од интерес за потенцијалните инвеститори.
„Овие детски одморалишта во минатото имале свој бренд, и денес можеби избледен тој бренд се уште постои, населението кое живее во овие региони има искуство со работа во дејноста туризам, а локациите на кои се наоѓаат овие одморалишта кои се предмет на продажба и дел од инфраструктурата во нив даваат можност за реализација на бизнис и работа во сферите на планинскиот, алтернативниот, руралниот или езерскиот туризам, што дава можности за доходовен бизнис за компаниите кои би инвестирале и можност за отворање на нови работни места“, додава Ѓорѓиев.