20 Декември, 2025
0.0370

Шест нешта што не треба да ги направите кога ќе останете без работа

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2013 15:30

Добивај вести на Viber

Повеќето луѓе сонуваат за можноста при заминување од работа да му кажат во лице на шефот сѐ што мислат за неговото однесување. Без разлика дали заминувате по своја желба или сте добиле отказ, важно е да внимавате на своето однесување. Еве што никако не би требало да правите при напуштање на работното место. Да станете емотивни Напуштањето на работата секогаш е тешко, без оглед на тоа дали сами се одлучувате на тоа или сте принудени. Ако почувствувате дека ви навираат солзи, исплачете се некаде каде што никој нема да ве види и достоинствено напуштете ја работата. Никогаш не знаете дали некогаш повторно ќе имате прилика да работите за таа фирма или за тие луѓе и затоа мора при заминувањето да оставите добар впечаток. Да бидете искрени  При заминувањето од компанијата најчесто ве прашуваат какво е вашето искуство во таа фирма и кои се причините за заминувањето. Иако тоа може да биде добра прилика за конструктивна критика, немоте да погрешите. Сѐ што ќе кажете ќе стигне до вашите колеги, особено ако работите во мала фирма. Наместо тоа, концентрирајте се на позитивните нешта, бидејќи никогаш не се знае дали ќе бидете во ситуација да се вратите во старата фирма. Да ги истакнете лошите страни на претходната фирма На разговор за нова работа немојте лошо да зборувате за претходното работно место. Ако немате да кажете ништо добро, немојте ништо да кажувате, бидејќи негативноста ќе ве претстави како незадоволна личност која е нелојална. Кога ве прашуваат зошто сте си отишле од претходната работа, изнесете неутрални причини, дури и ако морате да ги измислите. Кажете дека сте сакале нови предизвици и така ќе го купите новиот работодавец. Да отидете без препораки  Ако е можно, секогаш барајте да ви напишат препорака. Дури и ако таа не ви е потребна за следната работа, никогаш не се знае кога ќе ви затреба. Да ги оставите колегите на цедило Немојте туку така да отидете и да ги оставите колегите сами да се снаоѓаат. Последниоте ден на работа предложете некој кој би можел да ве замени и запишете што е важно за понатамошната работа на вашите колеги. Така ќе оставите добар впечаток, а поранешните колеги нема постојано да ви се јавуваат за да ве прашуваат по нешто. Да лажете за вашето искуство Кога во личната биографија ќе го додадете своето работно искуство, внимавајте да бидете точни во однос на тоа од кој до кој месец сте биле во претходната компанија и какви биле вашите обврски. Немојте да додавате нешто ниту да измислувате, затоа што ако се пријавувате во некоја успешна компанија, може да си направите проблем, бидејќи компанијата може да го провери тоа што сте го напишале.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии