19 Мај, 2024
0.0295

Шилегов: Обвинителството да почне да си ја работи работата онака како што треба

Објавено во: Македонија 30 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, на брифинг со новинарите изјави дека градот го идентификувало непознатото лице снимено на безбедносните камери како ја уништува опремата за инсталирање на зелениот кров на ГТЦ побара притвор за сторителот, кој наводно не бил задоволен од тоа што не му било дозволено да направи летна тераса на истото место.

„Во текот на изминатата ноќ на покривот на Градскиот трговски центар, онаму каде што Градот Скопје инвестира за подигнување зелен покрив дојде до уништување на дел од опремата и на дел од инсталациите што Градот таму ги постави во соработка со УНДП. За наша среќа, безбедносните камери го снимија инцидентот, идентификуван е сторителот, Град Скопје и ГТЦ го пријавија случајот во МВР, извршен е увид и во тек е проценувањето на штетите. Оштетена е и инсталацијата, што претпоставува дека ќе стане збор за гонење за сторено кривично дело по службена должност. Доколку тоа се утврди, јас ќе побарам од јавното обвинителство да изрече мерка притвор за сторителот бидејќи не можеме како Град да дозволиме да биде уништувано јавното добро, да биде уништувано она што го правиме со парите на граѓаните, а и нека биде конечно предизвик за јавното обвинителство да почне да си ја работи работата онака како што треба“

Шилегов смета дека до сега ЈО не покажало сериозен однос како институција кон уништувањето на јавните добра и дека пријавата ќе биде доставена до МВР откако ќе се направи проценка на штетата. 

„Во координација сме со СВР Скопје и потоа ќе побараме од обвинителството да поднесе кривична пријава и да изрече мерка притвор бидејќи сторителот е познат и постои опасност да го повтори делото, рече денеска Шилегов.

На зелениот покрив на ГТЦ со површина од 1.800 квадратни метри ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. Ќе бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафе-бар, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.


Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево