05 Мај, 2024
0.0254

Шилегов: Со поевтино парно против загадувањето со греење на ќумур

Објавено во: Економија 27 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов очекува до крајот на месецов Градот да аплицира во Регулаторната комисија за енергетика за добивање лиценца за вршење дејност за новото градско претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија. Тој смета дека со гасификацијата и поевтинувањето на парно-греењето во главниот град, домаќинствата повеќе нема да се греат со извори на енергија кои ја загадуваат околината.

– Ние есенва ќе почнеме со гасификација на Скопје. Она што барам јас, Град Скопје да управува со топловодната мрежа, е всушност среднорочна мерка во борбата против загадувањето. Претпријатието е основано, формиран е Управниот одбор и веќе полека ги работиме техничките подготовки. Јас очекувам до крајот на овој месец пред  Регулаторната комисија да аплицираме за добивање на лиценца за вршење дејност, изјави Шилегов за МИА.

Тој нагласи дека една од причините која го натерала да размислува и да оформи претпријатие кое ќе се бави со енергетскиот систем на Град Скопје е загадувањето на околината. Со формирањето на претпријатието, додаде, ќе се создаде тарифен модел соодветен на потребите на граѓаните и целокупниот систем ќе биде поврзан што не е случај сега.

– Северниот дел од Град Скопје, односно Топланата Север недостига само два километри цевковод за да се спои со останатата топловодна мрежа од нашиот град. Ако ги споите Вие тогаш  имате пазар на енергија и услугите што ќе ги добиваат луѓето за затоплување на станови во Скопје-Север, во Топаана би биле многу поевтини. Во моментов се за 40 отсто поскапи зошто Топлана Север е изолиран остров и имате само 760 корисници на услугите на таа компанија зашто е поскапа од останитите во градот, вели Шилегов.

Ако го направиме поевтино парното греење, додава, корисниците ќе го напуштат системот на затоплување на домовите со дрва, со ќумур или со струја што во Македонија за жал е исто така валкана технологија, бидејќи електричната енергија претежно се произведува од јаглен што ја  загадува околината.

– Тоа е една од причините што мене ме натера да размислувам и да оформам претпријатие кое ќе се бави со енергетскиот систем на Град Скопје, потенцира Шилегов.

Советот на град Скопје во јуни 2018 година донесе две одлуки со кои формира ново јавно претпријатие – „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ (ГЕС) кое ќе врши енергетски дејности.
 Советот на Град Скопје во својство на Собрание на акционери го усвои Статутот на Акционерското друштво за енергетски дејности и ги избра членовите на Надзорниот одбор на новото јавно претпријатие кои понатаму ќе изберат Управен одбор од пет члена.

Ова акционерско друштво за подрачјето на Град Скопје ќе врши снабдување на природен гас и топлинска енергија, како дејности од јавен интерес од локално значење. ЈП „Градски енергетски системи“ е формирано со основачки влог од 250.000 евра.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?