26 Април, 2024
0.0299

Шкариќ: Премиерот може да врши која било министерска функција, во иднина уставни измени за тоа

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber


Некои законски и уставни решенија се многу тврди и мора да се променат. Професорот по уставно право Светомир Шкариќ за Фактор вели дека можеби во иднина треба да се иницираат измени во концептот на Уставот, со што ќе и се овозможи поголема флексибилност на Владата. Прашањето за споивоста на функциите во извршната власт се отвори вчера по реакцијата на Комисијата за спречување на корупцијата според кое премиерот Зоран Заев не може да биде и министер за финансии, како што самиот предложи. Заев ја повлече кандидатурата, но соопшти дека ќе раководи со Министерството за финансии додека не се избере наследник на Драган Тевдовски кој пак синоќа беше разрешен од функцијата. 

Колкав период Заев може да раководи со ова Министерство и како институцијата ќе функционира без министер? Професорот Шкариќ вели дека неговата улога ќе биде привремена и дека тоа е подобро решение отколку да станеше министер, што секако е решение кое е во судир за Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Шкариќ е дециден дека во иднина мора да се обезбеди ваква флексибилност затоа што тоа е случај во многу земји.

„Македонија има парламентарна Влада, односно Влада која ја избираат пратениците, но тоа е само на зборови. Кабинетот впрочем е на мандатарот, на премиерот и тој е прв министер, па може да прави промени, преструктуирање и по потреба да ги врши функциите министер. Ќе потпишува како премиер и ќе ја врши функцијата. Тоа не е невообичаено во другите земји, вели професорот.

Шкариќ вели дека иако во правото може нема основ сепак во теоријата има и затоа професорот тврди дека можеби во иднина може да се размислува за промена на уставниот концепт.

„Концептот на Уставот треба да се промени, затоа што е ова тврд модел и неодржлив. Во парламентарна влада премиерот има широк маневарски простор за составување, функционирање и по потреба тој може да ги врши функциите министер, вели Шкариќ.

Членот 89 од Уставот, вели: „Функцијата претседател на Владата и министер е неспојлива со вршење други јавни функции или професии“. 

Сепак законски, како што сугерираше и ДКСК, Заев нема да може да биде избран за министер за финансии.

Во членот 44 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси стои:

„Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република
Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител,јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга.“

Не се знае колку Заев ќе остане во Министерството во ваква позиција и како тоа ќе функционира.

Поранешната прва антикорупционерка, Слаѓана Тасева, вчера за Фактор изјави дека е голем пропуст што владините советници дозволиле да се достави предлог Заев да е министер за финансии, а тоа нема законска основа. Шкариќ исто така вели дека тоа било неосмислен предлог и дека стручно, Заев воопшто не требало да се избира за министер.

А.Т. 


Можеби ќе ве интересира

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени