20 Декември, 2025
0.0638

Шојбле: На Грција ќе и требаат уште пари

Објавено во: Балкан 20 Август, 2013 19:18

Добивај вести на Viber

Грција ќе има потреба од трет пакет меѓународна финансиска помош, јавно проговори денеска германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле. Според него, неопходна е уште една програма за задолжената држава. Пред присутните на предизборен собир во северна Германија, а во очи на парламентарните избори во Германија закажани за 22-ри септември,  Шојбле сепак посочи дека инвеститорите нема да мора да се откажат од делот на побарувањата што ги имаат спрема Грција. Третиот пакет помош би можел да се побара кон крајот на 2014 година, кога ќе истече вториот пакет. Како што пренесе Ројтерс, во меѓувреме и неименуван грчки фунцкионер од министерството за финансии изјавил дека новите кредити би требало да го премостат очекуваниот кусок на средства во периодот меѓу 2104 и 2106 година. „Грција и нејзините кредитори разгледуваат неколку можности за премостување на кусокот средства со кој Грција ќе се соочи во идните неколку години", изјавил тој за Ројтерс.
Грција во јуни од меѓународната кредиторска тројка доби 5,8 милијарди евра, а за во октомври најавени се уште милијарда евра.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација